• петок, 05 декември 2025

Во битолскиот „Музеј на Албанската азбука“ се чествуваат деновите на „Битолскиот Конгрес“

Во битолскиот „Музеј на Албанската азбука“ се чествуваат деновите на „Битолскиот Конгрес“

Битола, 21 ноември 2025 (МИА) - Националната установа „Музеј на Албанската азбука“ со повеќе програмски активности ги одбележува деновите на „Битолскиот Конгрес“, историски настан кој се одржал во Битола и завршил на 22 ноември 1908 година кога е донесена одлука за унифицирање на Албанската азбука.

Во изјава за МИА, директорот на Музејот, Нуер Арслани истакна дека на централната свеченост што ќе се одржи утре и претходат повеќе програмски активности во просториите на установата.

-Деновиве реализиравме повеќе едукативни програми со ученици од прво до деветто одделение, промовиравме изложба која сведочи за периодот на битолскиот конгрес, наши гости беа професорите Арсим Синани и Дорина Дариу од Тирана, а вчера одржавме научна трибина. Со одбележувањето продолжуваме и денеска, во 14 часот во нашите простории ќе одржиме поетски час, а вечер во кино „Манаки“ ќе биде емитуван документарн филм, посочи Арслани.

Манифестациите посветени на Битолскиот Конгрес и 22 ноември 1908 година завршуваат утре на денот на празникот кога во Битола националната установа „Музеј на Албанската азбука“ ќе ја посетат владини и собраниски делегации од Македонија, но и од странство.

Како што е познато, од 22 ноември 2007 година, Денот на албанската азбука се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава. мт/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан