• петок, 05 декември 2025

Во Битола се одржа отворен ден на УКЛО под мотото „Корени и крилја“

Во Битола се одржа отворен ден на УКЛО под мотото „Корени и крилја“

Битола, 25 аpрил 2025 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола одржа отворен ден за средношколците од пелагонискиот регион и ги информира за студиските програми и можностите за студирање на вториот македонски универзитет кој денес слави и годишнина од формирањето.

Отворениот ден се одвива под мотото „Корени и крилја“ истакна ректорот Игор Неделковски и појасни дека со мотото јасно се порачува дека младите треба со европска диплома да се стекнат дома.

-Според востановената традиција, денот на основањето на универзитетот го одбележуваме со отворен ден посветен на средношколците, нивните професори, но и на останатата јавност со цел да се запознае со случувањата на УКЛО. Оваа година присутно е највисокото раководство на Алијансата на европски универзитети КОЛОРС предводено од претседателката и директорката на алијансата кои се од Германија од Универзитет Падернборг и тоа секако е важно за сите. Годинава дискутираме водени од мотото „Корени и крилја“, односно како младите да ги задржиме на своите корени и притоа да не им ги намалиме можностите за нивни личен и професионален развој, односно да имдадеме европски крилја на начин што студирајќи дома, на своите корени, да добијат знаења, можности и видици, односно крилја како секој студент на било кој европски универзитет, истакна ректорот Неделковски.

На прес конференција во Битола, новата претседателка на КОЛОРС Хаике Траутман изјави дека  УКЛО е значаен сегмент на европската алијанса КОЛОРС .

-Задоволни сме што воочивме голем ангажман на многу луѓе на битолскиот универзитет. Во овој период сите заедно работиме алијансата КОЛОРС да ја направиме одржлива и да овозможиме финансирање за подолг период, нагласи Траутман, додека пак Анете Клинкерт директорка на КОЛОРС посочи дека во Битола посебно и се допаѓа тоа што УКЛО ги користи младите сили од средните училишта со што се овозможува идејата на КОЛОРС, а тоа е иднина за новите генерации.

Учесниците на отворениот ден на УКЛО ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски кој воедно го честиташе 25 април, денот на основањето на битолскиот Универзитет и потврди дека  соработката со УКЛО за Општина Битола е значајна и таа континурано се потврдува со поддршка која е во функција на младите, но и за други стручни теми. мт/сст/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан