Во Битола санкционирани 75 возачи за брзо возење
- Од нив, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. Акциската контрола, како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, е спроведена во

Скопје, 24 септември 2022 (МИА) - На територија на СВР Битола денеска се санкционирани 75 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.
Од нив, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. Акциската контрола, како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, е спроведена во периодот од 8 до 14 часот.
Против сите прекршители изготвени се соодветни пријави. бак/