• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Битола промовирана апликација за следење на јавниот автобуски превоз

Во Битола промовирана апликација за следење на јавниот автобуски превоз

Битола, 27 март 2025 (МИА) - Граѓаните на Општина Битола и сите посетители на општината, од денеска имаат можност за следење на моменталната состојба на автобусите на линиите кои ги одржуваат преку апликацијата „Bitola City Bus“.

Апликацијата е донација на Општина Битола и Ротари клуб Битола, во вредност од 1,5 милиони денари за „Зелена Битола“, проект во кој се вклучени набавка и инсталација на 14 GPS уреди во автобусите на општинскиот линиски превоз, изработка на апликација за мобилни телефони (Android и iOS) „Bitola City Bus“, веб страница и веб домејн bitolacitybus.mk, потоа печатена сигналитика во форма на мал постер и други податоци.

Според градоначалникот Тони Коњановски новата услуга овозможува граѓаните да имаат повеќе предности при користењето на јавниот автобуски превоз.

-Верувам дека оваа донација ќе помогне прво за подобрување на услугата на јавниот градски превоз, но и за привлекување на граѓаните да ги остават возилата и да користат јавниот превоз. Оваа, е уште една дигитална алатка која треба да го олесни секојдневното функционирање, покрај она што веќе го воведовме изминатиот период, но и она што ќе следува наскоро, а тоа е електронското аплицирање за субвенции, кое ќе ги замени големите редици пред општинските шалтери. Верувам, дека на овој начин, со заедничка соработка, можеме да постигнеме многу повеќе и подобри резултати за Битола, во сите области, посочи Коњановски.

Промотивниот настан се одржа на Техничкиот факултет во Битола.мт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан