Во Битола продолжи судењето на Љупчо Ѓоргиевски поранешен претседател на клубот „Иван Михајлов“
- Во Основниот Суд-Битола денеска продолжи судењето на Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на клубот „Иван Михајлов“-Битола, а како сведок на обвинетиот се појави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Битола, 21 мај 2025 (МИА) - Во Основниот Суд-Битола денеска продолжи судењето на Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на клубот „Иван Михајлов“-Битола, а како сведок на обвинетиот се појави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
Ѓоргиевски како претседател на бугарскиот клуб, се суди за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, а кривичната постапка ја иницираше Основното јавно обвинителство во Битола.
Според сведокот Љубчо Георгиевски, Ванчо Михајлов носи симбол на независна и самостојна Македонија.
-Се прави табу од неговото име. Во статутот на ВМРО-ДПМНЕ има јасно поглавје дека денешното ВМРО е континуитет на ВМРО на Михајлов. Тој од политичка активност се откажа во 1934 година, а Хитлер на власт дојде во 1933 година, па немал време да влезе во таа идеологија. Политички етикети низ историјата има и не може да се суди по нив, истакна Георгиевски. Дополни дека со обвинетиот не се познава но, како што рече, „го цени како храбар чин и смета дека е нешто со што треба да се гордее Македонија“.
Според завршните зборови на судењето кое почна во 2023 година, пресудата треба да биде донесена за осум денови.мт/лв/
Фото: МИА