• петок, 05 декември 2025

Во Битола почна обележување на првите велосипедски патеки во градот

Во Битола почна обележување на првите велосипедски патеки во градот

Битола, 11 јуни 2025 (МИА) - Општина Битола почна со обележување на првите велосипедски патеки, како дел од планот за развој на вело инфраструктурата во градот.

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи“ Зоран Михајловски и претставници од Oдделението за комунални дејности во општината извршија увид во започнатите активности, кои стартуваа од улицата „Васко Карангелевски“ во Битола.

-Ова е прв значаен чекор во реализацијата на долгорочната стратегија за одржлив транспорт и урбана мобилност во Битола. Граѓаните со години наназад бараа подобри услови за возење велосипед и изградба на велосипедски патеки, а денес, со сопствени средства од буџетот на општината, тоа го претвораме во реалност, истакна градоначалникт Коњановски.

Велосипедските патеки се во должина од пет километри и се со цел да овозможат безбедни услови за велосипедистите и да се придонесе кон намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на живот во урбаната средина. мт/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан