• вторник, 05 ноември 2024

Во Битола одбележана годишнина од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк

Во Битола одбележана годишнина од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк
Битола, 13 март 2022 (МИА) - Делегации од Република Турција, турската Амбасада во земјава и Општина Битола, денеска одбележаа годишнина од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк. Како што е познато, основноположникот на Република Турција, Ататурк, во Битолската воена гимназија (Идадија) се школувал три години, односно во периодот од 1896 до 1898 година. Според хроничарите, токму во Воената гимназија во Битола е создадена основата на неговото идејно созревање. Во своите мемоари од ученичкиот живот во Битола, Ататурк напишал... „Кога бев во средното училиште во Битола, упорно учев. Сите дававме се од себе за да ја завршиме учебната година први или втори во класот. Така го завршив военото училиште...“ во кое тој учел со ученици од Битола, Скопје, Пеќ, Јанина, Солун, Велес... Мустафа Кемал Ататурк во интервју дадено за новинарот Ахмет Емин Јалман во 1922 година, поврзано со неговите сеќавања за неговиот ученички живот во Битолската гимназија рекол: „додека бев во Битолската воена гимназија учев со голема волја. Сите вложувавме силни напори да бидеме први или втори во класот...“. Манифестациите посветени на годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битолската воена гимназија, а денес Музеј во Битола, се одржуваат од 2010 година. мт/вг/

Остани поврзан