• петок, 05 декември 2025

Во Битола во тек е пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Во Битола во тек е пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Битола, 13 октомври 2025 (МИА) - ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и годинава ќе врши вакцинирање на лицата кои ќе се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип.

Имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето, посебно за ризичните групи граѓани кои се очекува да аплицираат и да бидат вакцинирани, изјави за МИА, Светлана Поповска Кљусева, директорка на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

-Очекуваме ефикасен процес на вакцинација и успешен како во минатата година кога беа пријавени и вакцинирани над 7000 граѓани. Според првичните податоци најголем интерес за вакцинирање покажуваат лица над 65 годишна возраст, а ние сме подготвени да ги прифатиме сите што ќе аплицираат преку порталот vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Ние во овој период ќе работиме секој ден од 7 до 19 часот, посочи Поповска Кљусева.

Според востановената традиција стартот на беслатното вакцинирање против сезонски грип почнува во втората половина на месецов, а доколку е потребно ќе бидат обезбедени и комерцијални вакцини, потврдија од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола. мт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан