Во Библиотеката „Искра“ започна 19. Саем на книгата
- Во кочанската Библиотека „Искра“ денеска започна 19. Саем на книгата, традиционална манифестација која и оваа година се одржува во знак на одбележување на Месецот на книгата, кој трае од 15 октомври до 15 ноември, под мотото „Книгата не спојува“.
Кочани, 10 ноември 2025 (МИА) - Во кочанската Библиотека „Искра“ денеска започна 19. Саем на книгата, традиционална манифестација која и оваа година се одржува во знак на одбележување на Месецот на книгата, кој трае од 15 октомври до 15 ноември, под мотото „Книгата не спојува“.
-На штандовите во просториите на библиотеката пристутни се 14 издавачки куќи познати и признати во својата дејност, информира Марија Анастасова, виш библиотекар во Јавната општинска установа од Кочани. Овој факт зборува, нагласи таа, дека пред читателите се наоѓа богата понуда на книги од различни жанрови, за различни возрасни групи, од домашни и странски автори.

На првиот ден од Саемот на книгата во Кочани беше претставен роднокрајниот автор Благој Стојков, 24 – годишно момче, зад кого стојат четири романи во издание на Антолог.
19. Саем на книгата во ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе трае до 15 ноември, а секој што сака да го посети, тоа ќе може да го стори секојдневно, во периодот од 10 до 18 часот. ис/вј/
Фото: МИА