• сабота, 29 јуни 2024

Во библиотеката во Делчево изложени дела по повод 152 години од раѓањето на Делчев

Во библиотеката во Делчево изложени дела по повод 152 години од раѓањето на Делчев

Делчево, 2 февруари 2024 (МИА) - Во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев, Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево утрово изложи дела по повод 152 години од неговото раѓање.

Делата се поставени во холот на библиотеката.

-Сите наши читатели кои ја посетуваат библиотеката ќе имаат можност да ги разгледаат и да прочитаат дел од овие книги. Исто така изложени се и дел од неговите мисли „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“ и други, истакнаа од библиотеката.

Официјалното одбележување на 152-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев кој е патрон на градот Делчево, ќе се одржи пред неговиот споменик во центарот на градот.

-Одбележувањето на значајниот датум од македонската историја е закажано за недела, 4 февруари, денот кога е роден патронот на Делчево. Во рамки на настанот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев со читање реферат за неговиот живот и дело, информираа од Општина Делчево.

Оттаму упатија покана до сите заинтересирани да учествуваат и со своето присуство да ја збогатат свеченоста. вс/мч/

Фото: МИА

Остани поврзан