• петок, 22 ноември 2024

Во Берово промовиран проект за одржлива енергетска транзиција

Во Берово промовиран проект за одржлива енергетска транзиција

Берово, 5 април 2024 (МИА) – Во Берово претставен проектот „Зелена генерација: Училишта за климатска акција“. Презентацијата се одржа во просториите на деветолетката „Дедо Иљо Малешевски“ каде најмладите се запознаа со климатските активности и подобрувањето на енергетската ефикасност.

- Проектот има за цел да ги поттикне училишните заедници да преземат активна улога во климатските активности, да ја подобрат енергетската ефикасност и да промовираат одржливи практики, истакнаа од беровската деветолетка.

На работилницата учениците се запознаа што се основни работи значајни за проектот во делот на заштита на животната средина.

- Учениците се запознаа што се фотони, електрони, изолатори, спроводници и како од сончева до електрична енергија. На крај, преку квиз тестиравме колку од тоа што го дискутиравме, сме запамтиле, додадоа од деветолетката Дедо Иљо Малешевски.

Проектот го спроведуваат Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM, во соработка со Белградска отворена школа, Боневет и РЕСЕТ Центарот за одржлива енергетска транзиција – Сараево, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество. вс/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан