• четврток, 21 ноември 2024

Во Берово почна доставувањето вода со цистерни до населението

Во Берово почна доставувањето вода со цистерни до населението

Берово,14 ноември 2024 (МИА) - Во Берово од денеска почна организираната доставата на вода преку цистерните од страна на ЈПКР „Услуга“. Доставата се врши откако претходно беше утврдено зголемено присуство на манган во водата од Градскиот водовод. 

-Доставата на вода од цистерни се врши на повеќе локации. Почнавме од 8:00 часот со достава на вода на локација кај Здравен дом и Гимназијата „Ацо Русковски“ , како и месностите Нешовци и Јарбол. Достава на вода ќе се врши и во останатоте населени места. Во село Митрашинци и село Русиново од 11:30 часот, село Будинарци и село Владимирово од 12:30 часот, село Мачево и село Смојмирово од 13:30 часот, информираа од ЈКПР „Услуга“.

За институциите доставување вода, како што додадоа, ќе се врши по договор.

-Секоја цистерна ќе се задржи по 45 минути на одредената локација. Апелираме за ред и дисциплина. За секој жител ќе биде обезбедена потребната количина на вода. Лице за контакт: лаборант Влатко Дујовски, телефон за контакт: 070/219-328, додадоа од ЈКПР „Услуга“.

Водата со цистерни, како што додадоа, се полни од соседно Делчево. Анализите на водата во Берово претходно покажаа зголемено присуство на манган поради што од страна на АХВ, Сектор за инспекциски надзор - ПЕ Берово беше препорачано таа да се користи само за техничка употреба.  вс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан