• петок, 08 ноември 2024

Во Берово започна Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин ппен 2022

Во Берово започна Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин ппен 2022
Берово, 17 септември 2021 (МИА) - Во спортската сала Македонски бранители во Берово започна дводневниот Меѓународен турнир во пинг понг Зегин опен 2022. Организатор на турнирот е Пингпонгарскиот клуб Зегин, а учествуваат натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово и Грција. Тренерот на клубот Јован Ковачовски истакна дека ова е прв меѓународен турнир организиран во Берово.
-Имаме гости од пет држави од Балканот, ова е прв турнир кој очекуваме да биде традиционален. Како за прв пат имаме доста голема посетеност, така што за следната година планираме турнирот да влезе и во календарите на сите федерации, да биде на европско и светско ниво. Сезоната ни беше преуспешна благодарение на нашата посветеност и спонзорот Зегин, поддршката на Општина Берово, веќе сме препознаен бренд, може да се каже слободно најголем промотор на овој спорт во Македонија, така да идеите за во иднина се големи, истакна тренерот на клубот Јован Ковачовски.
Честа да го отвори турнирот му припадна на спонзорот на клубот Благој Механџиски, кој се заблагодари на сите учесници и најави дека поддршката на поголемо ниво ќе продолжи и во иднина.
-Благодариме за времето што го одвоија сите натпреварувачи кои што учествуваат од пет држави кои ни го покажуваат своето знаење во пинг понг во нашето мало гратче Берово. Затоа ние се фативме за пинг-понгот, со кој сакаме со нашите амбиции да го достигнеме она што го сакаме, а тоа е да сме присутни во врвот во Европа и во светот. Посебна чест ни е да застанеме зад една успешна ваква организација и да помогнеме во уште поволем развој на овој спорт, рече Механџиски.
На отворањетето присуствуваше и градоначалникот Звонко Пекевски кој рече дека Берово и Македонија се препознаени преку пингпонгарскиот спорт.
-Голема благодарност до спонзорот Благој Механџиски и секако пингпонгарскиот клуб Зегин кои реално и несомнено овозможија да овој викенд Берово пулсира во духот на спортот, бидејки брендот е препознатлив и на тој начин го афирмира и Берово и државата, рече Пекевски.
Како што истакна Сашо Стојановски, организационен менаџер на турнирот, на истиот ќе се натпреваруваат пингпонгари во кадетска и сениорска машка и женска конкуренција.
-Се игра во најдобар од 5 натпревари до полуфинале, додека полуфиналето и финалето се игра најдобар од 7 натпревари. Прво се игра во групна фаза, потоа следуваат елиминациите на главната фаза, рече Сашо Стојановски.
Претставничката на Бугарија во јуниорска категорија од тимот Две Могли очекува добри натпревари со своите противнички од Македонија.
-Моите противници денес се повеќе од Берово и од државата Македонија и мислам сека ќе одиграме одлични натпревари, истакна натпреварувачката од Бугарија.
Сара Чипевска од ППК ,,Зегин" е задоволна од своето ниво на напредок, а ваквиот турнир за неа е можност уште повеќе да напредува.
-Мојот противник е Матеја Смоли и за да се дојде до финале треба да се совладаат 5,6 противници. Со искуство сме многу мал клуб за разлика од играчите кои настапуваат, но ќе го дадеме максимумот од нас, за да постигнеме добар резултат, рече Чипевска.
Алексија Малоу која доаѓа од Флорина, Грција игра пинг понг четири години, а турнирот за неа претставува можност да ги усоврши своите вештини.
-Мојот противник е од Македонија и многу ми се допаѓа турнориот и добро е што имаме можност покрај настапот да имаме комуникација со играчи од други земји за стекнување повеќе искуства, рече Малоу.
Наградниот фонд на Меѓународниот турнир кој е во организација на компанијата Зегин, Пингпонгарската федерација и истоимениот пинг понгарски клуб ППК ,,Зегин" изнесува 5000 евра, а организаторите за следната година најавија поголем фонд на награди. Турнирот продолжува и во недела со надтап на пингпонгари во сениорска конкуренција. вс/

Остани поврзан