• петок, 22 ноември 2024

Во Берово завршија Работничките спортски игри во мал фудбал

Во Берово завршија Работничките спортски игри во мал фудбал
Берово, 21 март 2023 (МИА) - Во Берово синоќа завршија Работничките спортски игри во мал фудбал. Во финалниот натпревар одигран пред преполната сала „Македонски бранители“ шампионското место им припадна на екипата на Образование, кои во возбудлив натпревар со 4:2 ја совладаа екипата на АРМ. Организатор на настанот беше Општина Берово, а наградите на најдобрите екипи и поединци им ги додели градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
-Во преполната сала, се бараше место повеќе, што укажува на тоа дека Беровчани уживаат во вакви спортски настани и културни случувања, кои се неопходни да се случуваат се почесто во градот. Со задоволство, на заокружувањето на овогодинешните Работнички спортски игри, ги доделив пехарите, благодарниците и други награди,  за најуспешните екипи. Честитки до екипата на Образование за убедливата победа и голема благодарност до сите учесници и до сите кои придонесоа за успешна реализација на Работничките спортски игри 2023 година, рече Пекевски.
Претходно за третото место играа екипите на „Труд и социјала и Суд" и  Фагус. Натпреварот беше цврст и изедначен, а по изведувањето пенали, поуспешни беа фудбалерите на Труд и социјала и Суд, кои го освоија третото место.
Епитетот најдобар стрелец на турнирот му припадна на Ахмет Халитов од екипата на Фагус, наградата за најдобар играч на турнирот, ја доби Ерол Пилов од екипата на Образование, додека за најдобар голман на турнирот беше прогласен Милан Биковски од екипата на Труд социјала и суд.
Со цел развивање на спортскиот дух, дружење, подобрување на соработката на институциите на локално ниво и секако стекнување на здрави навики, Општина Берово и во иднина најави организирање на вакви и други слични спортски манифестации. вс/сст/

Остани поврзан