Во Белград средба Мали - Сијарто, почеток на изградба на нафтоводот Нови Сад - Алѓе до крајот на годинава
- Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска во Белград разговараше со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто за соработката на заеднички проекти како и за изградбата на нафтовод од Нови Сад до Алѓе, чиј почеток е планиран за крајот на 2025 година.
Белград, 30 септември 2025 (МИА) - Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска во Белград разговараше со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто за соработката на заеднички проекти како и за изградбата на нафтовод од Нови Сад до Алѓе, чиј почеток е планиран за крајот на 2025 година.
„Нашиот фокус беше на зајакнување на економските врски, обезбедување енергетска стабилност, развој на заеднички инфраструктурни проекти и подобрување на граничните премини, вклучително и воспоставување „зелени коридори“ на премините Келебија-Томпа и Хоргош-Рескe“, напиша Мали на својот Инстаграм профил.
Според него, приоритет е и изградбата на нов гасовод од Хоргош до Појат, развојот на Панонскиот коридор за пренос на електрична енергија и воспоставувањето заедничка берза за електрична енергија Србија-Унгарија-Словенија. зш/
фото Инстаграм/Мали