• среда, 15 јануари 2025

Во Белград се уште очекуваат ослободување на тројца активисти од вчерашниот протест против ископ на литиум и бор во Србија

Во Белград се уште очекуваат ослободување на тројца активисти од вчерашниот протест против ископ на литиум и бор во Србија

Белград, 11 август 2024 (МИА) - Граѓани се уште се собрани пред седиштето на белградската полиција и чекаат да бидат ослободени тројцата активисти, изјави претставникот на здружението „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ, учесник на саботниот протест против најавата за ископ на литиум.

Неофицијално, пак, тие се осудени на затворски казни од 30 и 40 дена, пренесе Бета објави од белградски медиуми.

Демонстрации против експлоатацијата на бор и литиум во Србија се одржаа вчера во центарот на Белград, а дел од учесниците потоа блокираа две железнички станици како и мостот Газела на Сава.

Според медиумите, двајцата активисти Иван Бјелиќ и Никола Ристиќ се уапсени рано утринава на станицата Прокоп, додека ТВ Н1 објави дека меѓу уапсените е и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ.

Кокановиќ за агенцијата Бета потврди дека тоа се Бјелиќ, Ристиќ и Димитријевиќ и додаде дека насобраните чекаат да бидат ослободени.

„Се уште ништо не се случува, луѓето дојдоа во малку поголем број“, рече Кокановиќ.

Тој рече дека насобраните добиле информации дека пресудите веќе се изречени за тројцата активисти, но дека, како што рече, не се знае какви се.

„Се уште не се ослободени“, рече Кокановиќ, кој со граѓаните е пред зградата на белградската полициска станица позната како „29 Ноември“.

Тој рече дека толпата нема да си замине додека тројцата не бидат ослободени.

„Се договараме што ќе се прави понатаму, во секој случај нема да се разотидеме додека не бидат ослободени“, рече тој.зш/

Остани поврзан