• петок, 22 ноември 2024

Во Белгија уапсени 40 лица и запленети десетина милиони цигари

Во Белгија уапсени 40 лица и запленети десетина милиони цигари

Брисел, 4 август 2021 (МИА) - Белгиската царина уапси 40 лица, заплени десетици милиони фалсификувани цигари од нелегални производствени капацитети низ целата земја.

Според белгиското Министерство за финансии тоа е најголема акција во историјата на царината.

Запленетите цигарите главно биле наменети за британскиот и францускиот пазар, каде што акцизите за тие производи се повисоки.

Запленетите цигари биле лажно означени како Марлборо, Ричмонд, Принц и Реџина. Во 10 различни производствени погони откриени се тони преработен тутун, филтри за цигари, амбалажа и друго.

Минатиот месец, Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) ги поддржа шпанските и португалските власти во разбивањето на меѓународната криминална мрежа специјализирана за илегално производство и продажба на цигари. За време на операцијата Алекрин во Шпанија и во Португалија, беа извршени вкупно 125 претреси, при што беа уапсени 29 лица, а беа запленети повеќе од два милиони евра. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан