• недела, 22 декември 2024

Во Белгија поднесени над илјада барања за одмрзнување на руски имот

Во Белгија поднесени над илјада барања за одмрзнување на руски имот

Брисел, 10 април 2023 (МИА) - Од вкупно 1.000 барања за ослободување на замрзнат руски имот поднесени до надлежните белгиски владини служби разгледани се околу 300, потврди денеска шефот на белгискиот државен трезор Александар Де Гист во интервју за весникот „Соар“.  

Една од примарните задачи на тимот за спроведување на финансиските санкции на нашата администрација е да ги разгледува барањата за ослободување на имотот. Поднесени се повеќе од илјада барања. Со оглед на ограничените ресурси на осумчлениот тим и огромниот обем досега се обработени само 300 барања, посочи Де Гист. 

Барањата се поднесени од физички и правни лица. кои сметаат дека не треба да се применуваат санкции за нив, на пример, клиенти на санкционирани руски банки чии лични средства биле автоматски замрзнати, иако тие самите не се на санкционираната листа. 

Барателите за одмрзнување на имотот треба да докажат дека не се под санкции, дека не дејствуваат во интерес на лицата под санкции и дека нема да ги вратат своите пари во Русија.  Не ослободуваме средства ако имаме и најмал сомнеж, наведе Де Гист. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан