• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Албанија регистриран прв случај на поткуп на гласачи, еден глас 500 евра

Во Албанија регистриран прв случај на поткуп на гласачи, еден глас 500 евра

Тирана, 16 април (МИА) - Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 11 мај, изборната кампања официјално почна на 11 април, а веќе е регистриран и првиот случај на поткуп на гласачи.

-Во Лушња уапсено е лицето М.Л. за кривично дело „Активна изборна корупција“, откако на лицето М.Т. му ветил 50.000 леки (500 евра) и му ја земал личната карта за фаворизирање на политички субјект на изборите, стои во полициското соопштение.

Обвинителството во Фиер денеска соопшти дека „по информации од Полицискиот комесаријат Лушња, во соработка со службите на правосудната полиција на овој комесаријат, како и во континуирана и ефикасна координација со Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, Тирана, со примена на методи на проактивна истрага, успеале да го документираат случајот".

-По извршување на првите истражни дејствија, правосудната полиција по насоки на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Фиер осомничениот е лишен од слобода. Судија на претходна постапка му  одредени мерка притвор, додаваат од Обвинителството.

Медиумите наведуваат дека притворениот" работел" во интерес на опозициската Демократска партија. вт/

Фото: Веб страница на Обвинителството во Фиер 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан