• вторник, 26 ноември 2024

Во Албанија ден на национална жалост за жртвите од несреќата во Грција, меѓу нив има четворица Албанци

Во Албанија ден на национална жалост за жртвите од несреќата во Грција, меѓу нив има четворица Албанци
Тирана, 5 март 2023 (МИА) - Со одлука на Владата денешниот ден во Албанија е ден на национална жалост во знак на почит за жртвите во железничката несреќа во Грција.
 
На сите државни институции, како и на албанските дипломатските претставништва во светот, знамето е спуштено на половина копје, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама.
 
- Трагедијата на Грција е и наша трагедија, болката за изгубените животи во страшната несреќа е и наша и ова е еден од оние моменти во животот, кога една голема загуба кај соседот покажува многу повеќе од сто радости дека нашите животи се нераскинливо поврзани и дека мораме да дадеме се од себе да ги направиме што е можно подобри, соработувајќи се повеќе и повеќе меѓу себе, напиша Рама.
 
Министерството за Европа и надворешни работи соопшти дека со ДНК анализа е потврдено дека меѓу јагленисаните тела се и телата на четворица студенти-Албанци, од нив две девојки, а за уште еден кој се води како исчезнат се чека ДНК анализа.
 
Жртвите се Ифигенија Миска, Павлин Бозо, Јоанис Џола и Клаудиа Лата, кои живееле во Грција, а некој од нив имал и грчко државјанство.
 
Албанската Влада 13 февруари го прогласи за ден на национална жалост во знак на почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција. вт/рп/
 

Остани поврзан