• среда, 15 мај 2024

Во акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, пронајдена дрога

Во акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, пронајдена дрога

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - Согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, утрово во 01.10 часот, извршиле акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, општина Боговиње.

При контролата, како што соопштија од МВР, биле затекнати четири странски државјанки (од Србија, Украина, Молдавија и Албанија) како и 55 гости, меѓу кои и двајца малолетници.

-На подот во објектот пронајдена е паковка со прашкаста материја. Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки, а од страна на ДИТ лица кои непријавени вршат работни активности. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, појаснуваат од МВР. цр/вј/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан