Во автобуска несреќа во Кабул загинаа 25 лица, а 27 се повредени
- Најмалку 25 лица загинаа, а 27 се повредени во сообраќајна несреќа во главниот град на Авганистан, Кабул, откако патнички автобус излета од патот и се преврте во долина, објавија авганистанските медиуми.
Кабул, 27 август 2025 (МИА) – Најмалку 25 лица загинаа, а 27 се повредени во сообраќајна несреќа во главниот град на Авганистан, Кабул, откако патнички автобус излета од патот и се преврте во долина, објавија авганистанските медиуми.
Несреќата се случи синоќа во областа Арганди во Кабул, а според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, причината е невнимание на возачот.
Минатата недела, во западната провинција Херат, во друга сообраќајна несреќа загинаа 78 лица, вклучително и 17 деца, кога автобус со депортирани лица од Иран се судри со мотоцикл и камион, по што избувна пожар.
Сообраќајните несреќи се чести во Авганистан поради лошите патишта, недоволното одржување на возилата и непромисленото возење, при што годишно гинат илјадници луѓе. ссм/
фото: архива/илустрација