• недела, 22 декември 2024

Во авионска несреќа во Турција загинаа седум припадници на безбедносните сили

Во авионска несреќа во Турција загинаа седум припадници на безбедносните сили

Анкара, 16 јули 2020 (МИА) - Седум припадници на турските безбедносни сили вчера загинаа откако се урна авионот со кој патувале во источниот дел на Турција.

„Разузнавачкиот авион“ се урна во турската провинција Ван, која се наоѓа на источната граница на Турција со Иран.

Властите ги истражуваат причините за несреќата.

Двајца пилоти загинаа во 2018 година кога воен авион се урна за време на обука во западната турска провинција Измир. ми/

Остани поврзан