• среда, 12 март 2025

Во Авганистан 50 лица загинаа во две сообраќајни несреќи

Во Авганистан 50 лица загинаа во две сообраќајни несреќи

Кабул, 19 декември 2024 (МИА) - Во две сообраќајни несреќи на автопатот во југоисточен Авганистан, загинаа 50 лица, а 76 се повредени, изјави денеска владиниот портпарол.

-Автобус и цистерни со нафта се судрија на автопатот Кабул-Кандахар вчеравечер, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Газни, Хафиз Омар.

Втората несреќа се случи на истиот автопат, кој ја поврзува авганистанската престолнина Кабул со југот на земјата.

-Повредените се префрлени во болниците во Газни, а властите се во процес на предавање на телата на нивните семејства. Пациентите во посериозна состојба се префрлени во Кабул. Меѓу жртвите има жени и деца, изјави Омар.

Сообраќајните несреќи се чести во Авганистан, главно поради лошите услови на патиштата и невниманието на возачот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан