• сабота, 21 декември 2024

Ворлд херитиџ воч бара итна реформа за светското наследство

Ворлд херитиџ воч бара итна реформа за светското наследство
Охрид, 17 ноември 2022 (МИА) - На светското наследство му е неопходна итна реформа, повеќе финансии и повеќе права за граѓанското општество и домородното население. Тоа е ставот на светската мрежа на организации во областа на светското наследство Ворлд херитиџ воч, чиј член е граѓанската иницијатива Охрид СОС. На 50-годишниот јубилеј од Конвенцијата за светско наследство на УНЕСКО, активисти од граѓанскиот сектор од цел свет, поднеле агенда за сеопфатна реформа на ова меѓународно тело. - Под името Потсдамски трудови (The Potsdam Papers), мрежата на Ворлд херитиџ воч поднесе 12 екстензивни трудови со предлози во клучни области, од политизација, до финансирање, одржлив развој и туризам, соодветни за следните 50 години на Светското наследство, соопшти Охрид СОС. Штефан Домке, координатор на активностите забележал дека престижот и приходите од туризмот станале толку големи, што земјите се впуштиле во меѓусебен натпревар да стават што поголем број локалитети на Листата на светско наследство, без притоа соодветно да ги заштитат. - Сега, таа листа станува преголема за управување. Во исто време, потписниците на Конвенцијата, помалку од било кога се грижат за строгите барања за заштита на светското наследство, а УНЕСКО не може нешто многу да стори околу тоа. Правилата се со премногу пропусти и дупки, има премногу геополитика наместо вистинска грижа за нашето наследство, истакнал Домке. Според него, заштитата на културното и природното наследство мора да стане тема на меѓународната агенда за развој со цел да се осигура неговата заштита. сс/дма/ Фото:МИА архива

Остани поврзан