• среда, 18 декември 2024

Вооружени напаѓачи делумно уништија болница во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс

Вооружени напаѓачи делумно уништија болница во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс

Порт-о-Пренс, 18 декември 2024 (МИА ) - Вооружените напаѓачи делумно уништија болница во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, изјави денеска директорот на болницата.

Вооружените лица ја запалија болницата Бернар Мев во понеделникот вечерта, уништувајќи четири операциони сали и целата лабораториска опрема, изјави директорот на болницата.

Во нападот нема повредени пациенти или персонал бидејќи болницата била евакуирана по заканите од водач на локална банда. зш/

Остани поврзан