• недела, 14 април 2024

Вооружени напаѓачи го зазеле хотелот „Хајат“ во главниот град на Сомалија

Вооружени напаѓачи го зазеле хотелот „Хајат“ во главниот град на Сомалија
Могадишу, 19 август 2022 (МИА) - Непознати напаѓачи ја презеле контролата врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, на што претходеле две експлозии и пукотница, соопшти денеска полицијата. „Цел на нападот извршен со два автомобили-бомби бил хотелот ’Хајат’. Едното возило удрило во оградата во близина на хотелот, а другото во хотелската порта. Најверојатно терористите се во хотелот“, ја пренесуваат агенциите изјавата на локален полицаец. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда. Засега нема информации за жртви во инцидентот, но експлозии се слушнале и по упадот на напаѓачите во хотелот.
Хотелот „Хајат“ е популарно собиралиште на пратеници и владини претставници.
Денешниот напад е првиот поголем напад откако претседателот Хасан Мохамуд ја презеде функцијата во мај. аб/

Остани поврзан