• четврток, 04 декември 2025

Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар

Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар

Скопје, 22 октомври 2025 

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, стои во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално. 

Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.

„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.

Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.

Фото: Фејсбук на Горан Герасимовски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан