Волф: Расел подготвен да се бори за титулата
- Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, е уверен дека Џорџ Расел е подготвен да го води тимот и да ја освои шампионската титула доколку тимот му обезбеди болид доволно брз за да ја постигне таа цел.
![Волф: Расел подготвен да се бори за титулата](https://mia.mk/images/20250209165225_big_730x400_85.webp )
Лондон, 9 февруари 2025 (МИА) – Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, е уверен дека Џорџ Расел е подготвен да го води тимот и да ја освои шампионската титула доколку тимот му обезбеди болид доволно брз за да ја постигне таа цел.
- Расел е подготвен да се бори за титулата, подготвен да победи. Во исто време, ќе треба да им обезбедиме на Џорџ и Кими доволно брз автомобил. Современите тркачки автомобили се многу сложени технички и не е толку лесно да се изберат оптимални работни поставки за нив. Минатата сезона успеавме да го направиме ова само неколку пати.
Како што реков, доминиравме на Гран при на Лас Вегас, но на многу други патеки не можевме да се бориме ниту за пласман на подиумот. Затоа не би сакал да шпекулирам што не очекува во новата сезона. Ќе видиме како ќе поминат претсезонските тестови, рече Волф.
Новата сезона во Формула 1 ќе почне во средината на март со австралиското Гран при. зс/
Фото: ЕПА