Волонтери на Црвен крст во Македонска Каменица делеа вода и флаери за заштита од топлотен бран
- Волонтери од Македонска Каменица, членови на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево, денеска спроведоа теренска активност на градскиот пазар во Македонска Каменица со цел подигање на јавната свест за заштита од високите температури и ризиците поврзани со топлотниот бран.
Македонска Каменица, 4 јули 2025 (МИА) – Волонтери од Македонска Каменица, членови на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево, денеска спроведоа теренска активност на градскиот пазар во Македонска Каменица со цел подигање на јавната свест за заштита од високите температури и ризиците поврзани со топлотниот бран.
Во рамки на активноста, граѓаните добиваа шишиња со вода и едукативни флаери со информации за превенција од топлотен бран и пожари.
-Акцијата е дел од националните превентивни мерки кои Црвениот крст на Република Северна Македонија ги спроведува во соработка со надлежните институции, информираа од делчевскиот Црвен Крст.
Оттаму апелираа до граѓаните да ги почитуваат општите препораки, како избегнување физичка активност во најтоплиот дел од денот, престој во климатизирани простории, внесување доволно течности и заштита од директно сонце.
-Особена грижа треба да се посвети на постарите лица, децата и хронично болните. Во случај на симптоми како вртоглавица, слабост или грчеви, граѓаните треба веднаш да побараат медицинска помош, додадоа организаторите на денешната акција.
Во итни ситуации, напоменаа дека за граѓаните се достапни и броевите 194 и 112. вс/
Фото: МИА