• сабота, 20 април 2024

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

Манчестер, 28 март 2024 (МИА) - Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така. 

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата. 

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан