Вокално студио на ФМУ со маестро Бисера Чадловска
- Во фоајето на Национална Опера и Балет вечер ќе се одржи концерт „Musica Viva: Вокално студио“ на кој ќе настапат студентите од класата по вокално студио на Факултетот за музичка уметност на

Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Во фоајето на Национална Опера и Балет вечер ќе се одржи концерт „Musica Viva: Вокално студио“ на кој ќе настапат студентите од класата по вокално студио на Факултетот за музичка уметност на доц. м-р Бисера Чадловска.
На програмата се оперски и концертни вокални ансамбли. Учествуваат студентите по соло пеење - Дамјана Апостоловски, Сара Јанева, Мариана Бошковска, Марија Ташевска, Мартина Митревска, Елена Васова, Јулијана Деспотовска, Марија Ѓорѓиевска и Бетим Шабани.
Гостин на концертот е баритонот Марко Гапо, а уметничката соработка е на пијанистката Мимоза Ќека.
Концертот е во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Влезот е слободен.бт/дма/
