• среда, 08 мај 2024

Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец, се трага по три лица, едно е спасено

Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец, се трага по три лица, едно е спасено

Скопје, 17 јуни 2023 (МИА) - Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека во возилото „бмв“, покрај возачот, имало и тројца сопатници.

-Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, велат од МВР, дополнувајќи дека по лицата трагаат екипи од Одделот за специјални полициски операции. ар/дма/

 

Остани поврзан