• среда, 26 јуни 2024

Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец 

Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец 

Кавадарци, 27 мај 2024 (МИА) -  Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец, потврдија за МИА од СВР Велес. 

Засега, сообраќајот наизменично се одвива по другата коловозна лента, додека трае увидот.

Како што потврди за МИА, доктор Ратко Грков, началник на Итна медицинска помош при Кавадаречката болница во возилото што излета од патот кај кавадаречко Раец биле две млади девојки кои за среќа поминале со лесни повреди. свд/вј/

Фото : МИА 

Остани поврзан