• вторник, 16 јули 2024

Возило „бе-ем-ве“ усмрти пешак на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје

Возило „бе-ем-ве“ усмрти пешак на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје
Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) - Од МВР за МИА потврдија дека денеска во 11:25 часот било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје. цр/сп/

Остани поврзан