Воздухот во Кичево подобар, МЖСПП ги прекинува мерките и препораките
- Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24 декември, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево, соопштија утрово од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24 декември, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево, соопштија утрово од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
- Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, потенцираа од Министерството.
Претходно, од МЖСПП информираа дека за Кичево важат мерките: да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-интегрирана еколошка дозвола, да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи и елаборати, инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци, да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила, да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата, забрана на горење на отворено.
- Се препорачува на сите правни субјекти - работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува на сите правни субјекти - работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, порачаа тогаш од МЖСПП. бд/вј/
Фото: МЖСПП