• недела, 22 декември 2024

Возач нападнал вработен на патарина на автопатот Тетово-Гостивар

Возач нападнал вработен на патарина на автопатот Тетово-Гостивар
Тетово, 2 ноември 2020 (МИА) - Вработен на патарина е нападнат од возач кој воедно не сакал да плати билет, информира тетовската полиција. Инцидентот се случил на наплатна станица на автопатот Тетово-Гостивар во текот на вчерашниот ден. - Во СВР Тетово вчера во 20 часот и 30 минути, Б.В.(29) од тетовска Брвеница, вработен на наплатна станица Тетово-Гостивар, пријавил дека еден час претходно на работното место физички бил нападнат од едно лице, кое одбивало да плати патарина. Лицето управувало патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, информираат од тетовската полиција. Сега мерките на СВР Тетово се насочени кон пронаоѓање на пријавениот за нападот. ас/аа/

Остани поврзан