• петок, 05 декември 2025

Водата во Скопје ја исполнува законски пропишаната рамка за безбедност и квалитет

Водата во Скопје ја исполнува законски пропишаната рамка за безбедност и квалитет

Скопје, 25 август 2025 (МИА) - Примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје од минатата недела, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 18 до 22 август 2025 година земал 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението. бк/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан