• петок, 05 декември 2025

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 4 август 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“. 

Секторот за санитарна контрола во периодот од 28 јули до 1 август 2025 земал 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје.

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. дма/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан