• недела, 30 јуни 2024

Водата во град Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во град Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Скопје, 26 април 2022 (МИА) -  Според добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола водата во град Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“. Неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во кој се обработени 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мернo местo во град Скопје, земени во период од 18-23 април, покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. ар/дма/

Остани поврзан