• недела, 30 јуни 2024

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење
Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Согласно добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола, водата во Скопје е безбедна за пиење, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. -Секторот за санитарна контрола во период од 26 до 30 јули 2021 година зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Скопје, се вели во соопштението. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје додаваат дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. ки/са/

Остани поврзан