• понеделник, 23 декември 2024

Во акумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување

Во акумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување
Струмица, 12 август 2021 (МИА) - Во хидроакумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување, а површините од околу две илјади хектари се наводнуваат во текот на целата сезона. Според последните мерења, двете најголеми брани „Турија“ и „Водоча“ се половина полни. - Во „Турија“ имаме 20 милиони и 300 илјади кубни метри вода од вкупно 50 милиони, а во „Водоча“ има 13,5 милиони од вкупен капацитет од 26 милиони кубни метри вода. Единствено го запревме наводнувањето од помалата акумулација „Иловчанка“ за посевите од регинот на Општина Босилово, но за наводнување земјоделците веќе се приклучени на системот од акумулацијата „Турија“. Водата од таа акумулација ќе се користи за водоснабдување на жителите од седум населени места, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица. Според него, со овие количини вода, посебно во браната „Турија“, не е доведено во прашање редовното снабдување на градот со вода, но сепак апелира на рационално трошење и водата да не се употребува за полевање. рт/аа/

Остани поврзан