• недела, 24 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се толку впечатливи што никој не ги приметил, владата да ги засука ракавите и да донесе вистински мерки

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се толку впечатливи што никој не ги приметил, владата да ги засука ракавите и да донесе вистински мерки
Скопје, 11 април 2020 Реакција на соопштението на СДСМ кое што се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Првиот пакет на мерки на СДСМ е толку впечатлив што никој не го ни примети. Доколку имало и втор, еве јавно нека го каже СДСМ за да видиме кои се бенефитите, но бидејќи нема втор, владата нека засука ракави и овој пат нека донесе вистински пакет на мерки. Зоран Заев е лицето на неспособност во владата. Тој наместо да им помогне на компаниите им одмогна. Па излезе неговата министерка за финансии и кажа дека неговите 14.500 денари, се всушност 9.000 денари. СДСМ буквално нема идеја и план што со себе, а на пак со државата. Над 140.000 вработени се времено отпуштени. 50% од вработените во угостителството добиле отказ, а Заев мува не го лази. Македонија со секој поминат ден со СДСМ само тоне. СДСМ е партија која ја враќа транзицијата и олигархијата, но овој пат тоа нема да им успее. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан