• среда, 04 декември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: ЈО да реагира на заканите кон кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески

ВМРО - ДПМНЕ: ЈО да реагира на заканите кон кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески
Скопје, 20 септември 2021    Во текот на вчерашниот ден преку социјалната мрежа фејсбук беа упатени закани по животот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески и неговото семејство. Зад ваквите напади и закани стои СДСМ, кои се директен мотиватор на говорот на омраза и заканите кон луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваме ЈО да не молчи и да реагира во однос на заканите кон кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески во насока на откривање на идентитетот на заканувачот и негово санкционирање. Заканите и говорот на омраза се предизвикани од речникот и тезите кои ги користи СДСМ. И сите вакви изливи на примитивизам и канибализам се инспирирани од Зоран Заев и неговите политики на оцрнување на луѓе. Згрозува монструозноста со која СДСМ се служи и сето тоа поради нервозата од поразот кој им следи и во Прилеп и на секаде низ Република Македонија. На народот му се гади од ваквите политики на власта и затоа следува казна од народот за СДСМ. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегралнаи оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан