• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ до Ангеловска: Стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април

ВМРО-ДПМНЕ до Ангеловска: Стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април
Скопје, 1 април 2020 Владата предлага поддршка на претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати почнувајќи од април, кои во џебовите на граѓаните треба да стигнат во текот на првата половина од мај, додека економската криза предизвикана од ширењето на новиот корона вирус наголемо ја пустоши македонската економија.  Во моментов десетици, ако не и стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април, затоа што илјадници компании престанаа со работа. Да потсетам дека дури и во поразвиени земји од нашата половината од домаќинствата немаат ликвидни средства со кои би можеле да ги покријат трошоците за живот во наредните 7 до 8 денови, доколку пресуши изворот на редовна заработувачка. Истото се однесува и за малите и средни компании , овие комапниии оставени сами на себе без ликвидни средства им се заканува клуч на врата. Како што е познато нашиот предлог е субвенциите за исплата на плати кај погодените од кризата сектори, во висина од 50% од бруто плата или 70 до 80% од нето платата, да се покриваат од државниот буџет уште со исплатата на мартовската плата. Роковите за исплата на платите за март веќе течат. Денеска сме 1 април, а 15 април е крајниот законски рок. Понатаму владата непромислено предлага, компаниите да продолжат со плаќање на придонесите за социјално осигурување и на персоналниот данок за вработените, со ова предлогот за поддршка за исплата на плати во висина на минимална плата станува бесмислен. Работниците ќе треба да однесат дома износ далеку понизок од минималната плата и да бидат доведени до работ на егзистенција. Ова не смее да се дозволи. Треба да се прогласи мораториум за уплата на овие давачки во таргетирани најпогодени сектори претпријатија и граѓани. Како може да претпоставиме фирмите кои што се на колена особено оние од најпогодените сектори кои што заради заштита на јавното здравје и забавување на ширењето на новиот коронавирус меѓу македонската популација беа принудени целосно да престанат со  работа уште кон средината на март ако не и порано. Второ, уште еднаш апелираме Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, изнесен на неколку претходни прес-конференции, за пренасочување на делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување, што се одвојува за осигурениците кои се членови во некое од трите постојни друштва за капитално финансирано пензиско осигурување, т.е. приватните пензиски фондови,  пренасочување на овие средства во државниот пензиски фонд од кој во моментов се исплаќаат пензиите на речиси сите корисници на пензија во Македонија. Ги охрабруваме да го направат тоа, затоа што е сосема легитимно во вакви тешки околности за државниот буџет и за фондовите, каде што со сигурност треба да се очекува дека состојбата дополнително ќе се влоши пред да започне да се подобрува. Ќе ги потсетиме на неколку примери за тоа како постапија одделни земји од Централна и Источна Европа како одговор на последиците негативни од економската криза, глобалната финансиска и економска криза од 2007-2009 година: Естонија една од најнапредните земји од Источна Европа, целосно ја суспендираше уплатата во приватните пензиски фондови од 1 јуни 2009. до 31 декември 2010 година, значи цели две години  а потоа во 2011 година стапката започна да ја зголемува од 1 до 2% на средства коишто одат во приватните пензиски друштва. Соседната Латвија во мај 2009 година ја намали стапката од 8% на 2 % на средства што одат во приватните пензиски друштва. Литванија ја намали стапката од 5,5 % на 2% во 2011година, Унгарија целосно ги национализираше приватните пензиски фондови и средствата ги припои кон државниот фонд. Полска на 1 мај 2011 година ја намали стапката за приватните пензиски фондови од 7,20% на 2,30%. Дополнително како што е познато пред две години Полската влада со закон целосно го национализираше делот од средствата на приватните пензиски фондови коишто беа во тоа време  инвестирани во државни хартии од вредност, а тоа беше износ речиси две третини од вкупните средства со кои располагаат пензиските фондови. Словенија никогаш не воведе задолжителен втор столб. Покрај државниот, постојат доброволни пензиски фондови. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан