• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поддржуваме одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поддржуваме одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен

Скопје, 10 октомври 2025

Ја поддржуваме одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен, институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално. 

Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата. Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури.

Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности.

Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан