• понеделник, 25 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не се грижи и не работи за градот

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не се грижи и не работи за градот
Скопје, 17 август 2021 

10 дена пожар и 10 минути дожд кој направи целосен хаос во Скопје, е се што паразитот и неработник Шилегов ќе им го остави на скопјани.

Само 10 минути дожд беа потребни за да излезе на површина неработата на Шилегов. Поплавени улици, прекин на електричната енергија и телекомуникациските мрежи од само еден краткотраен дожд, само заради неспособноста на Шилегов.

Дожд од 10 минути целосно го парализираше Скопје, случај што не може да се сретне никаде во светот. Излезе на површина и шминката на Шилегов за новиот булевар од Бутел до Шуто Оризари, а за неговата неспособност и мрзеливост сведочат и снимките на кои се гледа како граѓани со чамци излегуваат по улиците.

Дека Шилегов не се грижи за градот, ниту за скопјани доказ е и тоа што и после 10 дена се уште гори пожар во околината на градот, а на Шилегов поважен му беше луксузниот одмор во Хрватска.

За неспособноста и криминалот на Шилегов сведочат и испуканите тукушто наместени плочки на кејот кои тој скапо ги плати со парите на скопјани, а не издржаа ни еден месец.

Ниту една шминка нема да го покрие неработењето на Шилегов. Граѓаните на 17-ти октомври ќе му стават крај на паразитот Петре Шилегов.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  
________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
   

Остани поврзан