• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, за среќа на пензионерите ВМРО-ДПМНЕ мисли на нив и им ги зголеми пензиите за 7000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, за среќа на пензионерите ВМРО-ДПМНЕ мисли на нив и им ги зголеми пензиите за 7000 денари

Скопје, 2 октомври 2025


Филипче и СДС навистина треба да престанат да говорат за економската политика во државата, за да не се срамат. Тие во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Во нивно време пензиите се зголемуваа за 150 денари, граѓаните живееја со 150 денари на ден, земјоделците не добиваа субвенции, вработени не земаа плати со месеци, инфлацијата беше над 20%, платите стагнираа, секојдневно имаше протести од синдикати, вработени, пензионери, студенти, кои беа на маргините во тоа време. Да не го заборавиме и јавниот долг кој достигна над 60%, невратените еврообврзници, како и делот дека во нивно време се богатеа само функционери, а народот немаше за основни потреби.

Сега имаме вистинска промена, платите се зголемени во здравството, културата, социјалата, образованието, полицијата, администрацијата и други општествени сфери. Земјоделците добиваат навремени субвенции, вработените добиваат навремено плата, инфлацијата е ниска, дури пониска од онаа европската просечна, јавниот долг континуирано се намалува, пензионерите добиваат 7000 денари, се отвораат работни места, нови можности за бизнисите, поддршка на младите и многу други проекти кои се од круцијално значење за граѓаните.

Затоа изборот е повеќе од јасен на овие избори. Или одбираме долгови, ниски плати а висока инфлација, граѓани оставени на маргините, или одбираме вистинска промена со високи плати а ниска инфлација и граѓани кои се вклучени во секој дел од одлучувањето.

Вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ.


 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан