• четврток, 26 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето

Скопје, 20 септември 2025

Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време како министер здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема, за пожарот во модуларната болница, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Венко Филипче, што МИА ја пренесува интегрално.

Филипче кој како министер за здравство не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето.

Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време за сите здравствени, еколошки и национални порази.

Каде беше Филипче зошто не одговараше и не побара одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово?

За разлика од минатото денес институциите реагираат одговорно, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот во Трубарево.

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан