• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон веледрогеријата на нејзиниот татко

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон веледрогеријата на нејзиниот татко

Скопје, 11 јули 2024

Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и, дојде на чело на СДС за да се заштити.

Венко Филипче мисли дека се крие зад позицијата претседател на СДС, со цел кога ќе треба да одговара за криминалите да се жали на политички притисок.

Венко Филипче како министер беше соучесник во тендерите кои Клиниката за Хематологија, каде директорка беше Ирина Пановска ги даваше на Веледрогеријата др. Пановски, во сопственост на таткото на Пановска.

Без Венко Филипче тендерите тешки милиони во здравството,  а кои ја брануваа јавноста немаше да бидат можни.

Филипче се надева дека некогаш повторно ќе може да го прави истото, за негова жал, а за среќа на народот, тоа никогаш повеќе нема да биде случај.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан